петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Француските трупи ќе го напуштат Нигер до крајот на годината

Француските трупи ќе го напуштат Нигер до крајот на годината

Командантот на француските сили во Сахел денеска изјави дека 1.500 француски војници ќе го напуштат Нигер до 31 декември, временска рамка што ја објави францускиот претседател Емануел Макрон кон крајот на минатиот месец.

„Целта на претседателските најави за заминување до 31 декември ќе биде исполнета“, рече генералот Ерик Озан на заедничката прес-конференција со нигерскиот полковник Мамане Сани Киау во Ниамеј, главниот град на Нигер.  (МИА)