четврток, 29. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Фредериксен за нападот во Копенхаген: Нашиот убав и инаку безбеден главен град беше променет во дел од секундата

Фредериксен за нападот во Копенхаген: Нашиот убав и инаку безбеден главен град беше променет во дел од секундата

Данската премиерка Мете Фредериксен го осуди пукањето во трговскиот центар во Копенхаген, нарекувајќи го „ужасен напад“, јави ДПА.

Таа ја повика јавноста да застане заедно и луѓето да си понудат поддршка едни на други.

-Сите ние бевме брутално растргнати од светлото лето што штотуку започна. Неразбирливо е. Срцепарателно. Бесмислено. Нашиот убав и инаку безбеден главен град беше променет во дел од секундата, изјави премиерката.

Фредериксен им се заблагодари на полицијата, спасувачите и на сите други кои помогнаа за нивните напори.

Три лица беа убиени а три други се во критична состојба по вчерашниот напад. Уапсен беше 22-годишен Данец. (МИА)