петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Г7 со иста цел – да се зголеми притисокот врз Русија

Г7 со иста цел – да се зголеми притисокот врз Русија

Земјите од Г7 делат исти цели – исклучување на кислородот од руската воена машина, истовремено додека се грижат за своите економии.

Ова денеска го изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Говорејќи на почетокот на самитот на Г7 во баварското планинско одморалиште Шлос Елмау, Мишел рече дека руската војна го става светот во опасност и влијае на снабдувањето со храна и гориво, цените и безбедноста, пренесе Би-би-си.

Тој рече дека Г7 и ЕУ се непоколебливо обединети во поддршката на Украина.
ЕУ ќе продолжи да обезбедува финансиска, хуманитарна и политичка поддршка за Украина, рече Мишел, додавајќи дека е посветена на обезбедување поддршка во обновата на Украина.

Тој рече дека војната ја обликува и Европската унија и дека Украина и Молдавија добиле кандидатски статус, додека другите нации се надеваат дека ќе дојде редот.

Војната значи дека светот се промени од минатогодишниот самит на Г7 во Корнвол, рече Мишел, додавајќи дека светот верува дека треба да се донесат правилни одлуки и го брани меѓународното право.

Лидерите на Групата седум најбогати демократии денеска започнаа тридневен самит со цел, како што е најавено, да го зголемат притисокот врз Русија. На самитот учествуваат лидерите на САД, Германија, Франција, Велика Британија, Италија, Канада и Јапонија.