Поранешниот шампион во шах Гери Каспаров, руски дисидент и противник на Владимир Путин, го повика Западот да ја „исклучи Русија од финансиските пазари“ поради инвазијата на Украина.
-Исклучете ја Русија од светските финансиски пазари. Погрижете се рускиот финансиски систем повеќе да не произведува ресурси за воената машина на Путин, изјави Каспаров за Corierre della Sera во саботното издание.
Каспаров, кој моментално престојува во Њујорк, му порача на Западот дека мора да дејствува и да му покаже на Путин која цена тој ќе мора да ја плати.
Банкротирајте ја воената машина на Путин, замрзнете и запленете ги руските финансии и неговите“, рече Каспаров, кој на својот Твитер профил пред два дена напиша дека нема смисла да се зборува и дека треба да и се понуди нова единствена порака на Русија – или да престане или да биде целосно изолирана.
„Но, наместо тоа, вие само зборувате за економската цена што Путин треба да ја плати, но Украинците ја плаќаат со своите животи.
Оние кои зборуваат за економски трошок треба да се засрамат. Тие ја проценуваат економската штета на сметка на човечки животи“.
Каспаров, кој на 22 години стана најмладиот неприкосновен светски шампион во шах, исто така тврди дека светот треба да најде замена за руската нафта и гас.