Молдавија бара повлекување на руската војска од Придњестровје (Транснистрија) во Молдавија, бидејќи сака мирно решение на конфликтот, изјави молдавската премиерка Наталија Гаврилица.
-Молдавија ја користи платформата на ОН за да побара повлекување на руската армија од молдавската територија Придњестровје и да го сврти вниманието кон кршењето на човековите права во регионот, кој е под контрола на непризнаен режим, рече Гаврилица на синоќешниот брифинг.
Според неа, официјален Кишињев сака да изнајде мирно решение за конфликтот, што ќе овозможи развој на земјата за доброто на сите граѓани.
Придњестровје не е под контрола на Кишињев од почетокот на 1990-тите. Генералното собрание на ОН во јуни 2018 година ја повика Русија да ги повлече своите сили од Придњестровје. Резолуцијата беше поддржана од 64 држави, 14 беа против, а други 83 земји беа воздржани.