среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Гејтс ќе донира 460 милиони долари за локални училишта во САД

Гејтс ќе донира 460 милиони долари за локални училишта во САД
epa06683606 Bill Gates, Co-Chair, Bill & Melinda Gates Foundation, participates in a panel discussion about human capital invrstment as a project for the world, during the IMF World Bank Spring Meetings at the World Bank Group headquarters in Washington, DC, USA, 21 April 2018. 2018 International Monetary Fund World Bank Group Spring Meetings run through 17-21 April 2018. EPA-EFE/PETE MAROVICH

Фондацијата на основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс ќе донира 460 милиони долари за програми кои во наредните пет години ќе им помогнат на сиромашните и маргинализирани ученици да се запишат на колеџ во САД.

„Бил и Мелинда Гејтс“ фондацијата најави дека во првата фаза речиси 100 милиони долари ќе бидат инвестирани во 19 средношколски програми во сиромашни заедници во 13 сојузни држави.

Грантовите ќе го опфатат секој сегмент од процесот на запишување во колеџ, од подобрување на академските знаења по математика или англиски јазик, до одредени вештини, како што е процесот на апликација на колеџ.

Бил Гејтс и претходно инвестираше во образованието на САД. Од 1998 до 2018 година неговата фондација издвои 1,6 милијарди долари за студентски стипендии. Тој донираше и компјутери и пристап за интернет во околу 10.000 библиотеки во сиромашни заедници ширум САД. (МИА)