Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофеер вели дека ќе изврши притисок да се постигнат разумни резултати во наредната рунда разговори за зголемување на платата.
Во Германија повеќе од два милиони вработени во јавниот сектор бараат поголеми плати, но Зехофер го одби барањето на Синдикатот „Верди“ за зголемување од шест отсто.
Разговорите треба да се продолжат утре откако 150.000 работници во јавниот сектор во текот на минатата недела стапија во штрајк поради што на аеродромите останаа блокирани повеќе илјадници патници.
Штрајкови беа организирани и во болниците, центрите за грижа за деца и депониите.