четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Германците лути, туристите збунети: „Октоберфест“ се сели од Германија во Дубаи

Германците лути, туристите збунети: „Октоберфест“ се сели од Германија во Дубаи

Традиционалниот фестивал на пивото „Октоберфест“ треба да се одржи во Дубаи откога беше откажан во Германија втора година по ред поради пандемијата на коронавирусот, пишува „Билд“.

Баварскиот премиер Маркус Содер рече дека одржувањето големи настани не е изводливо. Според него, невозможно е да се постават шатори за пиво на големи фестивали со физичка дистанца, маски и други мерки.

„Таквата состојба не е сигурна. Замислете да одите на настан од кој се шири вирусот и со тоа нов бран. Брендот ‘Октоберфест’ би бил уништен засекогаш, а ние не го сакаме тоа“, рече Содер.

Сепак, германските медиуми наведуваат дека за љубителите на пивото не е сè изгубено имајќи предвид дека сличен фестивал ќе се одржи во Обединетите Арапски Емирати, а наместо да трае 16-ина дена како и обично, фестивалот ќе трае шест месеци.

Според „Билд“, настанот го организираат Чарлс Блум и претприемачот Дирк Ипен, а треба да се одржи во населбата Дубаи Марина.

Многубројни германски пиварници најавија дека ќе учествуваат на настанот, а ќе присуствуваат и многу sвезди. Покана добиле Арнолд Шварценегер, Стивен Сигал и Памела Андерсон.

Како што пишуваат германските медиуми, сите гости ќе бидат пренесени со автобуси до местата каде што престојуваат за да не шетаат пијаните низ градот.

Организаторите на „Октоберфест“ забележуваат дека фестивалот, сепак, не е преместен и дека ова е посебен настан во Дубаи.

„Октоберфест“ минатата година беше првпат откажан по Втората светска војна.