недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Германија бара социјалните мрежи да пријавуваат говор на омраза

Германија бара социјалните мрежи да пријавуваат говор на омраза

Германската Влада денеска усвои нацрт закон со кој се бара социјалните мрежи како Фејсбук и Јутјуб да пријават во полиција говор на омраза.

Нацрт законот предвидува интернет компаниите да мора да означат ултрадесничарска пропаганда, графички прикази на насилства, убиства или закани за силување, како и постови кои укажуваат на тоа дека некој подготвува терористички напад или дистрибуира сексуално злоставување на деца.

Од социјалните мрежи се бара да ги избришат таквите објави.

Според нацрт законот, што треба да биде одобрен од Парламентот, кривичниот говор на омраза ќе се однесува и на закани за силување или штети предизвикани на имот, како и изразите на одобрување на тешки кривични дела.

Предвидено е и злосторствата мотивирани од антисемитизам исто така да резултираат со зголемени казни.