среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Германија ги отвора границите за сезонските работници од ЕУ

Германија ги отвора границите за сезонските работници од ЕУ

Германија од 16 јуни ќе дозволи влез за сезонските работници од земјите-членки на Европска Унија и шенген зоната без никакви рестрикции.

Германија претходно утврди дека поради пандемијата на новиот коронавирус во земјата можат да влезат најмногу 80.000 сезонски работници.

Минатата година во земјоделскиот сектор во Германија биле ангажирани околу 300.000 сезонски работници, најчесто од Романија и од Полска.

Владата во Берлин нареди работодавците да ги применат сите хигиенски стандарди.

За да се намали потенцијалното ширење на Ковид-19, ќе бидат формирани фиксни тимови, а ако еден од работниците се разобли, целиот тим ќе биде во изолација.