среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Германија ги разгледува начините за евакуација по затворањето на аеродромот во Кабул

Германија ги разгледува начините за евакуација по затворањето на аеродромот во Кабул

Германија ги разгледува начините за евакуација од Авганистан по истекот на рокот за летови од аеродромот во Кабул, изјави денеска портпаролот на Министерството за надворешни работи.

„Додека дозволува ситуацијата на терен, сакаме да ги оставиме воздушните мостови отворени и да ги евакуираме луѓето од аеродромот во Кабул. Но, ние веќе размислуваме за начини по овој период и наоѓаме решенија за тој период“, рече портпаролот на редовната прес-конференција во Берлин, додавајќи дека Германија разговара со талибанците за евакуација на што поголем број луѓе.

– Германија досега евакуираше речиси 3.000 луѓе од 43 земји преку аеродромот во Кабул, изјави генералот Еберхард Зорн.

Тој рече дека меѓу евакуираните има 143 Германци, околу 1.800 Авганистанци и околу 350 граѓани на други земји – членки на ЕУ.

Портпаролот на талибанците за британскиот канал „Скај њуз“ рече дека нема да се согласат на продолжување на евакуацијата од Авганистан, доколку тоа го побараат САД или Велика Британија.

– Тоа е црвената линија. (Американскиот) претседател (Џо) Бајден објави дека сите нивни воени сили ќе се повлечат на 31 август. Значи, ако се продолжи рокот, тоа значи дека се продолжува окупацијата, иако тоа не е потребно, рече Сухаил Шахин, член на талибанската делегација во Доха.

Британскиот министер за одбрана Бен Валас рече дека Обединетото Кралство во вторник, на виртуелен самит на Г7 посветен на Авганистан, има намера да побара од САД да продолжат со операциите за евакуација и по 31 август.