среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Германија ги затвора двата последни рудници за темен јаглен

Германија ги затвора двата последни рудници за темен јаглен

Во Германија се затвораат двата последни рудници за темен јаген, со што се укиннува индустријата која ги постави темелите на индустриската револуција и поствоеното економско заздравување на земјата.

Рударите планираат да му ја предадат на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер последната грутка јаглен ископана на длабочина од 1.200 метри под земја во рудникот Проспер-Ханиел во градот Ботроп. Вториот рудник во местото Обенбуерен, официјално ќе биде затворен до крајот на годината.

Рудниците за темен јаглен доминираа во индустрискиот регион  Рур, каде во 50-тите години од минатиот век работеа и половина милион луѓе, но оттогаш нивното производство е во постојан пад и преживуваат благодарение на субвенциите од сојузната Влада.

Затворањето на рудниците за темен јаглен се смета за тест за планираното укинување на германските рудници за лигнит.

Германија произведува речиси две-петтини од електричната енергија со согорување на јаглен, а научниците тврдат дека тоа не може да продолжи доколку Германија сака да продолжи со намалаување на емисиите на штетни гасови кои предизвикуваат ефект на стаклена градина во согласност со меѓународните напори за сузбивање на климатските промени.

Некои од експертите стравуваат дека другите извори на енергија, поголемиот дел обновливи, не би биле доволни, бидејќи Германија планира да ги затвори и нуклеарните електрани до 2022 година.

МИА