недела, 3. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Германија го намалува увозот на рускaта нафта: Ако продолжиме вака ќе бидеме независни од рускиот јаглен

Германија го намалува увозот на рускaта нафта: Ако продолжиме вака ќе бидеме независни од рускиот јаглен

Германија се стреми да го запре речиси целиот увоз на руска нафта до крајот на годината поради инвазијата на Москва на Украина.

– Секој ден, всушност секој час, се збогуваме со рускиот увоз. Ако продолжиме, ќе бидеме независни од рускиот јаглен до есен и речиси независни од руската нафта до крајот на годината, изјави министерот за економија и клима Роберт Хабек.

Според официјалната статистика Германија во моментов увезува една третина од нафтата, 45 проценти од јагленот и повеќе од половина од целиот увоз на гас и е од Русија. (МИА)