Германија нема да го прогласи Хезболах, поддржуван од Иран за терористичка органзиација, нагласи помошникот на германскиот министер за надворешни работи.
Таквата одлука може да поттикне тензии со Саудиска Арабија и со Вашингтон.
Нилс Анен за „Шпигел“ изјави дека шиитското исламско движење Хезболах и понатаму е релевантен фактор во либанското општество и потсети дека ЕУ уште во 2013 година го стави военото крило на таа организација на листата на забранети групи.
Во минатиот месец Британија соопшти дека ќе ги забрани сите крила на Хезболах поради тоа што дестабилизирачки дејствуваат на приликите на Блискиот исток.
Анен изјавата ја даде по посетата на Либан.