недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Германија: Нема индиции дека зад саботажата на железницата стои странска држава

Германија: Нема индиции дека зад саботажата на железницата стои странска држава

Германската полиција соопшти денеска дека не исклучува дека стојат политички мотиви зад  саботажата на железничките комуникациски кабли, но дека нема индиции дека тоа го направиле други земји или странски терористи.

Портпаролот на берлинската полиција   објави дека се уште се истражува саботажата на комуникациската инфраструктура во Берлин и Херне во Северна Рајна Вестфалија, поради која железничкиот сообраќај на северот на земјата беше во прекин околу три часа.

Тоа не е прв напад на комуникациските врски на железничката компанија Дојче Бан, но е најголем во последните години.

Германските железници вчера објавија дека причина за неколкучасовните големи проблеми во железничкиот транспорт во северна Германија е саботажа на комуникациските кабли.

Прекинот го вклучи алармот откако НАТО и Европската унија минатиот месец ја нагласија потребата да се заштити клучната инфраструктура, по саботажата на гасоводот Северен поток. (МИА)