петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Германија: Новата пресуда за Навални е бесрамно самоволие

Германија: Новата пресуда за Навални е бесрамно самоволие

Германската Влада ја осуди новата пресуда на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални на девет години затвор како произволна и нелегитимна.

-Новата затворска казна што денеска му беше изречена на Алексеј Навални е бесрамно самоволие. Тоа е најновата инструментализација на рускиот правосуден систем против неистомислениците и политичката опозиција, изјави портпаролот на германското Министерство за надворешни работи.

Берлин рече дека судењето било тајно, не презентирало валидни докази и ги прекршило основните принципи кои се однесуваат на владеењето на правото.

Владата уште еднаш побара итно ослободување на Навални.

Навални (45) денеска е осуден на девет години затвор „за измама од особено големи размери. Тој беше прогласен за виновен за проневера на средства за неговата антикорупциска фондација, што сега е забранета во Русија и за навреда на судија во претходното судење.

Навални веќе отслужува казна од најмалку две години и осум месеци во затворот  Покров, на околу 100 километри источно од Москва.  (МИА)