Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска повторно ги отфрли повиците за бојкот на снабдувањето со руска енергија по нападот на Русија врз Украина.
Шолц изјави дека санкциите воведени кон Русија веќе се одразуваат на нејзината економија и дека секој ден ќе биде се подраматично.
Тој додаде дека санкциите се дизајнирани на долг рок да бидат толерантни за оние кои ги воведуваат и затоа ставот на Германија за енергетски бојкот останува непроменет.
Шолц додаде дека Германија работи на диверзификација на снабдувањето со енергија и дека, иако ќе биде потребно време, на крајот ќе го има истиот ефект како и бојкотот.
Европските земји секој ден и плаќаат на Русија стотици милиони долари за увоз на фосилните горива. Украинските власти велат дека трговијата ефикасно ја финансира руската војна против нивната земја. (МИА)