сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Германија размислува да го одложи затворањето на термоцентралите на јаглен

Германија размислува да го одложи затворањето на термоцентралите на јаглен

Германската Влада ја разгледува можноста за одложување на плановите за затворање на термоцентралите на јаглен.

Германија имаше поставено како цел до 2038 година целосно да ги затвори капацитетите за производство на електрична енергија од јаглен.

Заложбите на централно-левичарската коалиција беа тоа да се направи и порано, најдоцна до 2030 година.

Но, конфликтот во Украина доведе до преиспитување на енергетската политика на Берлин.

Социјалдемократите, Зелените и Слободните демократи изготвија плански документ за кој посочуваат оти не значи промена во однапред поставените цели, иако во него се остава како можност одложување на крајниот рок за затворање на термоцентралите на јаглен.

„Сакаме краткорочно да ја намалиме потрошувачката на гас во производството на електрична енергија, на начин што ќе ги имаме на располагање капацитетите на јаглен“, се посочува во документот.

Германија е под притисок да ја намали зависноста од рускиот гас кој во моментот покрива 55 отсто од нејзините потреби. (МИА)