„Лавовскиот“ дел од специјалниот фонд од 100 милијарди евра што Германија планира да ги издвои за обнова на армијата ќе припадне на воздухопловните сили.
Во документот, во кој Ројтерс добиле увид, се предвидува дека за развој и купување ќе бидат потрошени 40,9 милијарди евра, вклучително и купување на борбени авиони од типот Еурофајтер и Ф35, како и изградба на вселенски систем за рано предупредување.
Од преостанатите пари, 19,3 милијарди евра се наменети за морнарицата, уште 16,6 милијарди евра за набавка на нови бродови и подморници, како и за развој на наследникот на пешадиското борбено возило Мардерин, се наведува во документот.
Германија претходно се согласи да го промени својот устав за да дозволи специјален одбранбен фонд заснован на кредит од 100 милијарди евра (107,35 милијарди долари) предложен по инвазијата на Украина, објави во неделата германското Министерство за финансии.
НА владејачката коалиција за тоа и беше потребна поддршка и од опозициската ЦДУ која после преговорите соопшти дека ќе го поддржи планот за одбранбениот фонд.
Според извори запознаени со ова прашање, преговорите ги воделе лидерот на ФДП, Кристијан Линднер, министерката за одбрана на СПД, Кристин Ламбрехт, лидерката на Зелените, Аналена Баербок и додека од ЦДУ претставник Матијас Миделберг.
Парите треба да се искористат во текот на неколку години за да се зголеми редовниот одбранбен буџет на Германија од околу 50 милијарди евра и да и се овозможи на земјата да ја исполни целта на НАТО да троши 2 отсто од своето економско производство за одбрана секоја година.