Германската полиција во Карлсруе опколи област поради тековната заложничка ситуација во аптека, јави ДПА.
Во тек е голема полициска акција.
„Службите за итна помош се на терен поради заложничка ситуација во аптеката на улицата Етлингер. Моменталната ситуација е нејасна, повеќе информации наскоро“, напиша локалната полиција на Твитер. Се уште не се знае колку луѓе во моментов има во аптеката, односно колку заложници има.
Се започна во 16:30 часот. Дојче веле јавува дека полицијата го опколила просторот околу аптеката лоцирана во центарот на Карлсруе, а се дознава дека полицијата воспоставила контакт со лице осомничено за земање заложници.
Полицијата ги отвори вратите на училиште за во него да престојуваат жителите кои поради блокираните улици не можеа да стигнат до своите домови. Луѓето не се во животна опасност, соопшти полицијата врз основа на нивната проценка за моменталната состојба.
Сепак, тие ја замолија јавноста да ја избегнува областа и да ги следи сите упатства издадени од службите за итни случаи