Познатиот германски производител на облека „Гери Вебер“ им овозможува на своите вработени да одлучат дали во иднина сакаат да работат четири или пет дена во неделата.
– Храброста и довербата се секогаш добри, тоа е моето верување. На вработените им даваме автономија и самоодговорност. Тие тоа го сфаќаат како признание и придонесува за поголема мотивација и лојалност, изјави шефот на „Гери Вебер“ Анџелика Шиндлер-Обенхаус за дневниот весник „Билд“.
Според неа, таквиот модел ќе биде исплатлив и за компанијата и за вработените. Шиндлер-Обенхаус посочи дека таков модел и е потребен на Германија поради недостигот на професионална работна сила. (МИА)