сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Германската Влада ќе купи акции во производителот на воена опрема Хенсолдт

Германската Влада ќе купи акции во производителот на воена опрема Хенсолдт

Германската Вада одлучи да купи 25,1 отсто акции во висина од 464 милиони евра во производителот на воена опрема Хенсолдт, со цел да блокира странски купувач.

Хенсолдт претходно беше во составот на европскиот концерн Ербас, а произведув камери опремени со најсовремена технологија, што се вградуваат во воените авиои Торнадо, потоа за радарски системи за Еурофајтер и за перископите за тенковите Леопард.

Американската инвестициска компанија ККР го купи Хенсолдт во 2016 година, а годинава задржа 60 проценти од акциите.