Германскиот министер за финансии Олаф Шолц објави дека раководството на Социјалдемократската партија (СДП) го предложи како свој кандидат за канцелар на изборите следната година.
– Сега е одлучено. Се радувам на забавна, фер и успешна изборна кампања, напиша Шолц на Твитер.
Актуелната германска конзервативна канцеларка Ангела Меркел, чиј четврти мандат истекува следната година, претходно изјави дека нема да се кандидира повторно.