четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Германскиот суд одлучи: Пуџдемон останува во притвор

Мадрид го обвинува Пуџдемон за бунт.
Германскиот суд одлучи: Пуџдемон останува во притвор

Поранешниот каталонски лидер Карлес Пуџдемон, уапсен во неделата во Германија по налог за апсење издадена од Мадрид, ќе остане во притвор.

Судот во градот Нојминстер во германската покраина Шлезвиг-Холштајн требаше да одлучи дали Пуџдемон ќе остане во притвор или не, додека Трибуналот го разгледува барањето на Мадрид за негова екстрадиција во Шпанија.

Мадрид го обвинува Пуџдемон за бунт.

Судот пресуди дека додека се разгледува барањето на Шпанија, поранешниот каталонски лидер да остане во притвор.