Најчитаниот германски весник Билд, во сопственост на медиумската групација „Аксел шпрингер“, ќе укине неколку стотици работни места и една третина од своите регионални изданија во земјата како дел од дигиталната трансформација.
Билд ќе укине 200 работни места „уреднички и продажни“ низ Германија и ќе го намали бројот на своите локални изданија од 18 на 12.
Сегашните структурни промени доведуваат до намалување на работните места. Се разделуваме со производи, проекти и начини на вршење работи, кои повеќе нема да бидат профитабилни, наведуваат од Билд.
Но почетокот на годината Билд почна со дигитална стратегија, со долгорочна цел да го укине хартиеното издание на весникот, кое е едно од најчитаните во Европа.
Сопственикот на весникот, германската медиумска групација „Аксел шпрингер“ во февруари соопшти дека сака да ги намали и елиминира работните места како дел од таа стратегија во нејзините водечки наслови, Билд, и конзервативниот дневен весник Велт.
Билд има дневен тираж од околу 1,7 милиони примероци, а во 2018 година надминуваше два милиона.