Германските складишта за природен гас сега се пополнети над 80 отсто. Тоа укажува на стабилен напредок и покрај драстично намалената испорака од Русија во период на војна во Украина.
Според податоците објавени денеска, складиштата за гас во Германија, најголемата европска економија, пополнети се 80,14 отсто.
Зголемените резерви гас е клучен фокус на германската Влада откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари, со цел земјата да избегне нарушување во индустријата во период кога има раст на побарувачката за зимата.
Пред еден месец, германската Влада ги заостри барањата за пополнетост на складиштата, воведувајќи обврска тие да бидат полни 75 отсто до 1 септември, 85 до 1 октомври и 95 до 1 ноември. (МИА)