среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Германските туристички агенции проценуваат загуба од 10,8 милијарди евра

Германските туристички агенции проценуваат загуба од 10,8 милијарди евра

Германскиот туристички сектор процени денеска дека до средината на јуни поради забраната за патувања, воведена со цел да се спречи ширењето на пандемијата на коронавирусот, ќе загуби до 10,8 милијарди евра заработувачка.

– Работењето на патничките агенти и оператори речиси е целосно прекинато со владината уредба за забрана на меѓународни патувања, која истекува кон средината на јуни, наведе во соопштение претседателот на Германското здружение за патувања (ДРВ), Норберт Фјебиг.

Освен загубата на заработувачката, турустичкиот сектор е оптоварен и со трошоци за надомест на клиентите за откажаните патувања, нагласи Фјебиг, барајќи од државата итна програма за неповратна помош.

Според него, две третини од германските патнички компании веќе се соочени со банкрот.

– Политичарите веќе не можат со прекрстени раце да гледаат како патничките агенции и туроператори остануваат без приходи, порачува Фјебиг.

Германскиот владин комесар за туризам Томас Бареис минатиот викенд повика за формирање фонд за туристичка помош доколку Берлин не успее да ја убеди Европската комисија да ги ублажи регулативите за исплата на надоместоци за откажаните патувања.

Германија се залага на компаниите, наместо тоа, да им се овозможи издавање на ваучери.