Бариш Јапер 60 часа се обидувал да ги ископа телата на своите дедо и баба од под урнатините на неговата куќа.
Дваесет и седум годишниот студент со своите родители залудно се обидувале да стигнат до лешевите и истите да ги извлечат на површина.
Семејството Јапер цели два деца чекале да пристигнат екипи до нивниот дом и да започнат да ги вадат телата, во меѓувреме гледале како ги вадат телата на нивните соседи кои ги познавале со години наназад.
„Нема толку многу погребални коли колку што има умрени луѓе во исто време. Луѓето сами со своите автомобили ги пренесуваа лешевите во мртовечница. Багерот го гледав како го вади лешот на мојот другар од детството од под рушевините“, раскажува студентот по психологија.
Тој додава дека е разочаран од начинот на кој се постапува со мртвите тела и дека без достоинство се пренесуваат од под рушевините.