Научниците предупредуваат за вознемирувачката состојба на Арктикот.
Во последните две недели, температурите на Сибир се значително високи, достигнувајќи дури рекордни 38 степени целзиусови. Поради топлиот бран, избија и голем број на пожари кои зад себе оставија јаглен како и јаглерод диоксид кој може да се каже дека е поради климатските промени.
Додека научниците кои се фокусираат на климатските промени размислуваат, светот се бори со ширењето и мутирањето на коронавирусот. Тие се плашат дека со топењето на ледените површини и зголемените температури, на површина ќе дојдат и многу нови вируси.
-„Се претпоставува дека бактериите можат многу долго да преживеат во ледот но не се знае колку точно, дали 50.000 или 500.000 години?“, се прашуваат научниците.
Доктор Клавер предупредува дека опасноста не е само да се одмрзнат ледените површини туку и во се поголемата присутност на луѓето и животните.
-„Ова е рецепт за катастрофа, бидејќи тука има „свежи“ вирус. А кога ќе се стопи ледот тој ќе се размножува поради топлината и ќе зарази некого“, вели Клавер.