четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ГО НАДМИНА И ИРАН: Русија од денеска е земја со најмногу санкции во светот

ГО НАДМИНА И ИРАН: Русија од денеска е земја со најмногу санкции во светот

Русија поради агресијата врз Украина ги надмина Иран и Сирија и стана земја со најмногу санкции во светот.

Според податоците на страницата за следење на санкции Castellum.ai, 2.754 санкции веќе биле на сила против Русија пред 22. февруари оваа година, пренесува Би-Би-Си.

ПОсле инвазијата врз украина веведени и се уште 2.778 санкции, со што бројот на истите се искачи на 5.532, што е повеќе од 3.616 повеќе од Иран, со што Русија се искачи на првото место во светот.

На оваа неславна листа после Русија следат Иран, Сирија, Северна КОреја, Венецуела, Мјанмар и Куба.

Со 21 отсто, САД имаат најголем број на санкции против Русија, а после нив се Велика Британија и ЕУ со 18 посто.

Земјите ширум светот ги засилија санкциите против Русија, со цел да извршат притисок врз Москва за да ја прекини агресијата врз Украина која што ја започна на 24. февруари.

И покрај воведените санкции од целиот свет, Русија на терен не попушта, а и покрај третата рунда на преговори помеѓу завојуваните страни, речиси не се гледа крајот на војната.