понеделник, 5. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Годинава во Турција од Грција се вратиле повеќе од 25.000 мигранти

Годинава во Турција од Грција се вратиле повеќе од 25.000 мигранти

Во периодот од јануари во октомври годинава од Грција во Турција се вратени вкупно 25.404 мигранти, јави весникот „Хуриет Дејли Њуз“ цитирајќи соопштение на турското Министерство за надворешни работи.

Според податоци на Министерството, во 2018 година од Грција во Турција се вратиле 11.867 илегални мигранти.

Турција исто така ја повика Грција да престане да враќа нелегални мигранти во Турција. Според Анкара, Грција со тоа го прекршува меѓународното право.

Турција досега примила околу 3,6 милиони сириски бегалци. Според официјални податоци, Анкара досега потрошила 40 милијарди евра за бегалците.