четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Голем пораз за Путин: Потона познатиот крстосувач „Москва“

Голем пораз за Путин: Потона познатиот крстосувач „Москва“

Ракетниот крстосувач „Москва“, кој беше оштетен во експлозија, потона за време на влечењето, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

– При влечење на крстосувачот „Москва“ до одредишното пристаниште, поради оштетување на трупот што настана по експлозијата на муниција, бродот ја загуби стабилноста. Поради лошото време и немирното море, бродот потона – соопштено е.