сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: Позната ТВ ѕвезда скокна од крузер и тоа на местото каде што потонал Титаник (ФОТО)

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: Позната ТВ ѕвезда скокна од крузер и тоа на местото каде што потонал Титаник (ФОТО)

33 годишниот Даниел Кублбок, поранешната ѕвезда на шоуто „Германија бара ѕвезда“ исчезна од крузерот „АидаЛуна“. Бродот патувал од Хамбург во Њујорк. Постојат докази дека Даниел во неделата околу 5 часот скокнал од палубата.

-Тоа се нашите сомнежи. Му ја пребаравме кабината и востановивме дека исчезнал. На бродот бил приватно, кажал Хансјорг Кунзе, гласноговорник на крузерот.

Според пишувањата на Билд, Кублбок е виден на бродот како носи женска облека како и дека патниците се пожалиле дека правел бука и дека дивеел. Скокнал од бродот во близина на местот на кое потонал Титаник. Според последните објавени фотографии често се шминкал, се облекувал како жена и носел издигната коса, има сомнежи дека можеби ја глумел Кејт Винслет од истоимениот број.

 

View this post on Instagram

 

#transexuelle #transformation #shopping

A post shared by rosa_luxemburg (@rosa_luxem) on

Се претпоставува дека скокнал во делот од Атлантскиот океан меѓу Њуфаунфленд и Лабрадор , па Гренланд. Температурата на морето таму е околу десет степени. Го барала и крајбрежната стража со хеликоптери и авиони. И „АидаЛуна“ на која има околу 2.200 патници и 600 членови на екипажот се вратиле на местото каде пејачот исчезнал и го барале. Денеска е објавено дека потрагата е прекината.

Се поставува прашањето зошто Даниел скокнал од бродот. Неговите пријатели велат дека во последно време тешко се носел со емоциите. Наводно трпел мобинг во училиштето за глума.

Даниел Кублбок е роден во Баварија, а познат стана во 2002 и 2003 година кога во „Германија бара ѕвезда“ го освои третото месо. Во 2014 година се натпреваруваше на Евросонг во Копенхаген, а наредната година настапувал во шоуто „Let’s Dance“.

Во меѓувреме студирал глума и живеел во Берлин и на Палма де Мајорка. За него се пишувало и во 2004 година кога доживеал сообраќајна незгода, кога бил тешко повреден. Бидејќи немал возачка дозвола осуден бил на казна од 25.000 евра и осум часа општо корисно работа.

После тоа настапувал во филм кој е снимел за него. Бил и во Големиот брат, настапувал на телевизија, имал турнеи. Медиумите известуваа дека во 2011 година бил посвоен од страна на милионерка и од тогаш се викал Даниел Кајзер- Кублбок, како и дека во 2013 година му починал постариот брат со кого со години не бил во контакт.