понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА ВО ПОЛСКА: Студенти загинаа во удар на камион и автобус (ФОТО+ВИДЕО)

Во автобусот повеќемина биле студенти на поморската школа од местото Дарлово.
ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА ВО ПОЛСКА: Студенти загинаа во удар на камион и автобус (ФОТО+ВИДЕО)

Најмалку две лица загинаа, а 17 се повредени на северозападот на Послка при удар на камион и автобус во кои се наоѓале студенти на поморската школа, соопшти денеска полицијата.

Портпаролот на полицијата Карол Дабровски кажа дека несреќата се случила вчера во близина на селото Словина кај Балтичкото море.

Во автобусот повеќемина биле студенти на поморската школа од местото Дарлово.

Приватната станица „ТВН24“ извести дека двајца студенти загинале, 19 годишна девојка и 20 годишен маж.

Како што пренесуваше АП, 11 лица се задржани во болница, додека пак шест лица се полесно повредени.

Полската ТВ станица додава дека возачот на камионот е уапсен. Прелиминарните резултати од истрагата укажуваат дека камионот дополнително се судрил со автобусот при обид за претекнување на друго возило.