вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Големата кошаркарска легенда во солзи кога ги виде Трамп и Ким заедно: Знаев дека ова ќе се случи, а ми се закануваа со смрт (ВИДЕО)

Големата кошаркарска легенда во солзи кога ги виде Трамп и Ким заедно: Знаев дека ова ќе се случи, а ми се закануваа со смрт (ВИДЕО)

Некогашната кошаркарска ѕвезда Денис Родман се појави во програма во живо како би дал поддршка за состанокот на лидерите на САД и Северна Кореја, Доналд Трамп и Ким Јонг-Ун. Тој во емотивен разговор заплака.

Доста емотивниот Родман нагласи дека говорел дека денешниот самит ќе се случи за неколку месеци, кога малку кој веруваше дека тоа може да се случи.

Родман плачеше додека ги опишуваше своите чувства околу самитот и потсети на злоставувањето кое го добил во текот на контроверзните посети на Пјонгјанг, во кои и го запозна Ким.

-Им кажав на сите, ќе се отвори вратата, вели тој.

Неверојатно е, неверојатно е, неверојатно е. Кога ги кажав тие работи, кога се вратив дома, добив толку смртни закани… Но ја држев главата високо, брате знаев дека работите ќе се променат… Го знаев тоа, бев единствен. Никогаш не сум имал некого да ме слушне, го издржав сето тоа… а и понатаму стојам. Денеска е одличен ден за сите, Сингапур, Токио, Кина, сите… одлучен ден. Овде сум да го видам тоа се. Многу сум среќен, кажа Родман.