Посетителите на популарната колумбиска плажа ги исплаши огромен крокодил кој излезе од грмушките.
Неколку момчиња мирно си шетаа по плажата, но кога го виделе рептилот, брзо се разбегаа.
Бидејќи плажата е дел од природен парк, официјалните лица рекоа дека иако настанала паника, појавата на крокодилот е „добар знак“.
„Важно е да се запамети дека овие подрачја не се само за луѓето да уживаат туку и да се заштитат животинските видови“, рече директорот на паркот.
Плажата на крајот е евакуирана.
Американскиот крокодил може да достигне должина од 6 метри и тежина од 907 килограми.