петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Гори хемиска фабрика во Мелбурн, училиштата затворени, луѓе од 11 региони не смеат да ги напуштат домовите

Гори хемиска фабрика во Мелбурн, училиштата затворени, луѓе од 11 региони не смеат да ги напуштат домовите

Голем пожар во хемиска фабрика во Мелбурн предизвика затворање на неколку училишта, а властите го предупредија населението на 11 региони да не ги напуштаат домовите поради токсичниот чад.

На местото на настанот се слушнати и повеќе експлозии. Со пожарот во вториот по големина австралиски град се борат над 100 пожарникари и 30 единици техника. Пожарот во фабриката, која произведува хемикалии почнал во 5 часот изутрина по локално време.

Засега пожарникарите успеале да спречат ширење на огнот кон блиските индустриски објекти, но се уште не е можно да почнат со гаснење на пожарот во самиот објект поради опасност од експлозија на плински боци и контејнери со ацетон, кои се наоѓаат во магацините.

– Имаше доста експлозии. Експлодираа контејнери од 44 галони и летаа низ воздухот, што грижа за нашите пожарникари, соопшти претставник на противпожарната служба.