четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Градоначалник на Краматорск: За време на ракетниот напад имаше околу 4.000 луѓе на железничката станица

Градоначалник на Краматорск: За време на ракетниот напад имаше околу 4.000 луѓе на железничката станица

При гранатирањето на железничката станица во Краматорск присутни биле околу 4.000 луѓе, од кои повеќето жени, деца и постари лица, изјави градоначалникот на градот.

Според извештаите на локалните медиуми, во нападот загинале најмалку 30 луѓе, а над 100 се повредени.

Во вознемирувачки развој на настаните, како што оценува Скај њуз, на проектилот што ја погоди железничката станица во Краматорск се чини дека се зборовите „за децата“.

Се сугерира дека зборовите биле напишани од страна на руските сили, иако тоа тврдење не е потврдено од независен извор, потенцира Скај њуз.  (МИА)