Градоначалникот на францускиот медитерански град Ница денеска повика на „локдаун“ за време на викендот во регионот за да се запре приливот на посетители и да се ограничи наглото зголемување на инфекциите со коронавирусот.
-Потребни ни се силни мерки што ќе бидат над полицискиот час во 18 часот на национално ниво, или построг полициски час или делумно затворање на одредено време. Заклучувањето за време на викендот би имало смисла… тоа би го запрело приливот на посетители, изјави за радиото Франс-инфо, градоначалникот Кристијан Естроси.
Трет ден по ред, бројот на нови случаи на коронавирус се зголемува во Франција, а министерот за здравство, Оливие Веран, предупредува дека тој тренд не е добар знак.
Според податоците на Министерството за здравство за вчера, во последните 24 часа биле заразени уште 22.371 лице, а починале 183 пациенти. (MИА)