Врз градоначалникот на Портланд, Тед Вилер, беше фрлен солзавец откако тој синоќа се приклучи на демонстрантите кои речиси два месеца протестираат против расната дискриминација и бруталноста на полицијата.
Откако дојде на демонстрациите, Вилер изјави дека градската власт треба да направи повеќе за заштита на жителите на градот.
Но во моментот кога стоеше покрај зградата на Судот во Портланд, тој самиот стана жртва на солзавец.
Видео од настанот објавено на Твитер пoкажува како тој се гуши и кашла.
Incredible scene. Portland Mayor Ted Wheeler overcome with another volley of federal tear gas. pic.twitter.com/6eAsJX1pSx
— Mike Baker (@ByMikeBaker) July 23, 2020