понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Градските власти во Шангај презентираа распоред на активности за постепено враќање на животот во нормала

Градските власти во Шангај презентираа распоред на активности за постепено враќање на животот во нормала

Локалните власти во Шангај работат на повторно отворање и овозможување обновување на нормалниот живот од 1 јуни, откако во 15 од 16-те градски области се сузбиени случаите на инфекција со коронавирусот надвор од карантински услови.

Заменик-градоначалникот Зонг Минг пред медиумите го претстави распоредот на активностите за враќање кон нормала, после шестнеделно затворање.

Властите во Шангај соопштија дека епидемијата во градот е под контрола, но исто така нагласија дека цел е спречување на повторни бранови на инфекцијата така што до 21 овој месец многу од органичувањата остануваат на сила.

Според кинеската политика „нулта толеранција за Ковид-19“ неопходен предуслов за враќање на животот во нормала е целосна елиминација на случаи надвор од областите што се под карантин.

Во градот се планира постепено зголемување на домашните летови и на железничките услуги, а од денеска повторно се отвараат супермаркетите, продавниците и аптеките.

Забраната за движење во Шангај заедно со останатите мерки за справување со Ковид-19 во голем број други градови веќе почна да претставува закана по кинеското стопанство и ги наруши глобачните синџири за снабдувдување. (МИА)