Турција уште еднаш се обидува да се вмеша во внатрешните прашања на друга земја, прекршувајќи ги основните правила на меѓународно однесување, соопштуваат од Министерството за надворешни работи на Грција во однос на ставот од турското МНР во врска со муслиманското малцинство во Грција и додаваат дека „не прифаќаат опомени од трети земји“, јави дописничката на МИА од Атина.
Додаваат дека Грција, за разлика од Турција, го почитува меѓународното право и целосно ги спроведува своите меѓународни обврски кои произлегуваат од меѓународните договори, како што е Лозанскиот договор од Лозана,
– Не прифаќаме опомени од трети земји, како што е Турција, а особено кога се однесуваат на грчки граѓани, соопштуваат од грчкото МНР.