Гризли викендов убил ловџија на Алјаска, пренесува Си-Ен-Ен.
Сè се случило во националниот парк Врангел-Сент. Елиас, каде што досега не бил пријавен таков случај.
Ловецот, чиј идентитет сè уште не е познат, ловел лос со пријател, а нападот се случил во неделата.
Службите ги повикуваат посетителите на националниот парк да бидат внимателни.
„На посетителите им се препорачува да ги преземат сите мерки на претпазливост – да носат спреј против мечки и контејнери за храна отпорни на мечки“, апелираат од националниот парк.
Нападите на мечките се ретки и мечките ќе се оддалечат од луѓето ако ги видат или слушнат. Сепак, може да дојде до напад, а на нападнатите им се препорачува да се преправаат дека се мртви лежејќи на стомак со раширени нозе.
Мечките се поактивни во есенските месеци затоа што тогаш бараат храна за да се подготват за хибернација.