вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Гроси: Дијалогот со Иран за разјаснување на отворените прашања е обновен

Гроси: Дијалогот со Иран за разјаснување на отворените прашања е обновен

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси изјави дека во Виена се сретнал со неговиот ирански колега за да разговара за тековната истрага за откривање вештачки честички на ураниум пронајдени на непријавени локации во Иран.

„Дијалогот со Иран за разјаснување на отворените прашања… е обновен“, напиша Гроси на Твитер.

Тој рече дека се сретнал со Мохамад Еслами, потпретседател и шеф на иранската организација за атомска енергија.

Со години, МААЕ бара одговори од Иран на неговите прашања за честичките од ураниум. Разузнавачките служби на Соединетите Американски Држави, западните земји и МААЕ тврдат дека до 2003 година Иран водел организирана програма за нуклеарно оружје.

Техеран долго време негираше дека има амбиции за нуклеарно оружје, тврдејќи дека неговата нуклеарна програма е мирољубива.

Истрагата за ова прашање е пречка во разговорите за заживување на договорот од 2015 година меѓу Техеран и светските сили.

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси во август рече дека истрагата на МААЕ за ова прашање треба да се прекине со цел Иран повторно да се ангажира со договорот.