четврток, 18. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Гугл повторно казнет во Русија

Гугл повторно казнет во Русија

Московски суд денеска ја казни компанијата Гугл со повеќе од 374 милиони долари поради „системски пропуст да отстрани забранети информации“.

Роскомнадзор, руската Федерална служба за надзор во областа на комуникациите, информатичките технологии и медиумите, испрати 17 барања до Гугл да ги отстрани од Јутјуб содржината за конфликтите во Украина кои Москва ги смета за невистинити.

Гугл постојано одбиваше да ги отстрани тие информации.

На крајот на декември 2021 година, Русија веќе го казни Гугл со 98,4 милиони долари.