Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш изрази „јасна посветеност“ на денуклеаризацијата на Северна Кореја за време на посетата на Сеул, неколку недели откако Пјонгјанг соопшти дека е „подготвен да ги мобилизира“ своите сили за одвраќање.
– Би сакал да ја потврдам нашата јасна определба за целосна, проверлива и неповратна денуклеаризација на Корејскиот Полуостров и на Северна Кореја. Тоа е витална цел да се гарантира мирот, безбедноста и стабилноста во целиот регион, истакна Гутереш на средбата со јужнокорејскиот претседател Јун Сук-јол.
Гутереш вчера пред да пристигне во Сеул беше во посета на Јапонија, каде што одржа говор по повод 77-годишнината од фрлањето на атомската бомба врз Хирошима. (МИА)