четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Гутереш во ненајавена посета на Молдавија

Гутереш во ненајавена посета на Молдавија

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш синоќа пристигна во ненајавена посета на Молдавија, јави ТАСС.

Прес-службата на молдавската претседателка Маја Санду извести дека Гутереш допатувал со автомобил од пристанишниот град Одеса во југозападна Украина, каде што вчера на терен видел како се спроведува договорот за извоз на житарици од Украина.

Се очекува денеска во Кишињев генералниот секретар на ОН да се сретне со Санду.

Од главниот град на Молдавија, Гутереш со авион ќе отпатува за Истанбул, каде во текот на денот треба да го посети Заедничкиот координативен центар за следење на извозот на украинските житарици преку Црното Море. Потоа ќе отпатува за Њујорк.