недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Гувернерот на Луганск вели дека Русија контролира 80 отсто од регионот

Гувернерот на Луганск вели дека Русија контролира 80 отсто од регионот

Гувернерот на Луганск, Сергеј Хајдај соопшти дека руските сили сега контролираат 80 отсто од украинскиот регион.

Хајдај вели дека руските трупи успеале да остварат контрола врз поголем дел од регионот, како и дека по заземањето на малиот град Кремина сега се пред градовите Рубижне и Попасна.

Пред руската извазија украинските власти контролираа 60 проценти од регионот Луганск – една од двете области што го сочинуваат Донбас.

„Окупаторот контролира само делови од тие градови, неможејќи да се пробие до централните градски подрачја“, соопшти Хајдај преку објавата на апликацијата „Телеграм“.

Аналитичарите проценуваат дека офанзивата во источниот дел на Украина би можела да стане исцрпувачка оттаму што руската армија таму е соочена со најискусните трупи на Украина кои осум години се борат со промосковските сепаратисти во Донбас.