Портпаролот на израелската армија Даниел Хагари денеска изјави дека израелската армија е „подготвена и одлучна“ за следната фаза од војната и дека се чекаат политички инструкции, пренесоа британските медиуми.
Хагари кажа дека Израел учи од искуството на САД на Блискиот Исток, но „нашата војна е на нашите граници, а не на илјадници милји од Израел“, додавајќи дека очекува неколку недели борби.
Портпаролот додаде дека Египет игра клучна улога во преговорите за ослободување на заложниците од Газа, што според него е приоритет за Израел. (МИА)