Руското гранатирање на хемиската фабрика „Азот“ во Северодоњецк предизвика силен пожар и излевање на тон нафта, изјави денеска гувернерот на регионот Серхи Хајдаи.
За локалната телевизијата Хајдаи не прецизираше дали пожарот во фабриката во која се засолниле стотици цивили е изгаснат.
Тој само кажа дека борбите во источниот украински град Севернодоњецк се во тек, а за кој набљудувачите предвидуваат дека ќе стане вториот Мариупол во однос на човечки загуби и уништување пред да падне во рацете на Русија.
Градот е еден од последните џебови на отпорот на руската агресија во источната провинција Луганск.
Северодоњецк и Лисичанск на спротивната страна на реката Доњецк се последните места под делумна украинска контрола во областа Луганск, чија окупација е една од клучните воени цели на Русија. Украина вели дека нејзината единствена надеж за промена на ситуацијата во индустрискиот град е да добие повеќе артилерија бидејќи Русија е супериорна во тој аспект. (МИА)